
Самиот факт што имаме попис после цели 20 години е успех сам по себе. Направивме попис со сите нишани, кој не отстапува од традицијата на направени пописи што ја имавме и ние и регионот и континентална Европа, во изминатите неколку децении. Не станува збор за попис најдобар во историјата на Европа, туку станува збор за попис кој ги запазува највисоките стандарди за попишување што ги има ЕУ. Бројката од 3504 граѓани со бугарска самоопределеност е точна и тоа нема врска со пасошите издадени на нашите граѓани. Нема пријавен случај на злоупотреба, ако некому не му било дозволено да се попише како Бугарин. Најголема контраверза предизвикаа процентот на непопишаните граѓани како резултат на повикот на бојкот. — изјави претседателот на државата Стево Пендаровски за ТВ 24.
Source link: www.24.mk




