Жителите на селото Лабуништа алармираат дека се подготвува терен  за активирање на каменоломи

Жителите на селото Лабуништа алармираат дека каменоломите во близина на нивните домови на кои пред две години им беа одземени концесиите сега повторно се подготвуваат за работа најверојатно на диво.

Од локалното еко Здружение Натура Лаб преку снимано видео прикажуваат како се вршат градежни активности на местото на најголемиот каменолом во селото.Ова велат ги исплаши жителите на Лабуништа и целиот реон дека повторно ќе дишат загаден воздух и ќе немаат вода за пиење. 

Апелираат во инспекција веднаш да излезат надлежните служби за оваа проблематика и да проверат што точно се случува на таа локација. 

Во селото Лабуништа пред 2 години работеа дури шест каменоломи на 10.000 жители. Откако жителите излегуваа масовно на протести па дури и преспиваа пред каменоломите инспекциите од надлежните министерства ги одземаа концесиите и ги затворија каменоломите.

Жителите и сега велат се подготвени да направат се доколку повторно нивното здравје биде ставено во опасност поради бизнис интереси.

Source link: www.24.mk