ДКСК ги повика Влада, Судски совет и Совет на јавни обвинители да испитаат дали Фетаи, Тупанчевски и Нанев прекршиле етички кодекс

Антикорупциската комисија ги повика Владата, Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да испитаат дали има прекршување на етичките кодекси откако правната тројка Фетаи, Тупанчевски и Нанев на сметка на ФФМ летаа до Палермо и го гледаше натпреварот Македонија — Италија.

Од Владата пак велат дека го следат случајот со министерот за правда Тупанчевски и неговото присуство, а откако ќе ги разгледаат сите аргументи ќе постапат по кодексот за етичко однесување.

Обвинителката Фетаи откако вчера испрати уплатница за сместувањето дека е на нејзин трошок, но уплатата е со вчерашен датум, денеска за ТВ24 објаснува дека тоа е поради претходно издадени фактури кои имаат рок на плаќање.

Source link: www.24.mk