Скопје - царство на диви депонии и ѓубре

Зелена агенда на хартија — депонија во пракса. Скопје е само еден од градовите кои на терен, на речиси секој неполн километар располага со диви депонии и ѓубре во раскош. Вообичаено, еколошките теми се на пиедестал на митинзи кога треба да се добие глас повеќе но и во предизборието се добива перцепција дека речиси секој еден политичар е за здрава и чиста животна средина.

Во пракса реалноста е сосема спротивна. Од иницијативата „ Не биди ѓубре“ повеќе од 4 години се обидуваат да им покажат на креаторите на политиките дека здравата и чиста животна средина заслужува посебен третман.

Новинарот Никола Здравковиќ кој е дел од иницијативата „Не биди ѓубре“ вели дека долги години се обидуваат да ги предупредат институциите за важноста од негување на животната средина. Веќе за утре ,по којзнае кој пат, излегуваат на терен за да го исчистат ѓубрето кое е распослано на сите страни. 

Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека состојбата со депониите и ѓубрето е речиси насекаде иста и дека како претпријатие даваат максимум за она што е нивна надлежност да го сработат, но и ги поттикнуваат општините да се приклучат во поздрава еко-средина. 

Иницијативата „ Не биди ѓубре“ ја поздравија и ветија дека утре заедно со еко-активистите ќе излезат на терен за почисто и поубаво Скопје. 

Од граѓанската иницијатива “ Не биди ѓубре“ велат дека во ситуација кога надлежните креваат раменици — група еко активисти засукуваат ракави за да исчистат тоа што на државата и е обврска да им овозможи на своите граѓани. 

Веќе за утре, граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ најави голема еко акција која ќе се случи пред Лајка и во Трнодол, ги повикуваат сите кои се во можност да се приклучат.

Source link: www.24.mk