Вицепремиерот Николовски ги донираше патните трошоци за новогодишни пакетчиња на дечињата од Крива Паланка

Дечињата од Крива Паланка од ранливи категории семејства годинава ќе се израдуваат на новогодишните празници и ќе добијат новогодишни пакетчиња благодарение на хуманиот гест на вицепремиерот за борба против корупција и криминал, Љупчо Николовски.

Николовски ги донираше патните трошоци што му следуваа во текот на годината во Општинската организација на Црвен крст во неговата родна Крива Паланка, а ќе бидат наменети за новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозени семејства.

-Хероите меѓу нас – незапирливи. Поддршката ги отклучува уникатните богатства на животот. Негувајте да пружате поддршка по примерот на вицепремиерот, почитуваниот наш сограѓанин, Љупчо Николовски. Многу ни е драго што оваа година не избравте нас,  сите наши волонтери на негова адреса упатуваат само позитивни коментари со искрена почит, изјави Дарко Пешовски, секретар на Црвен крст на РС Македонија, општинска организација Крива Паланка.

Повика овој хуман гест да го препознаат и следат и останатите граѓани.

-Благодарност и од мое име до вицепремиерот Николовски што ги поддржа нашата мисија и визија, благодариме за посетата на организацијата и морам да нагласам дека ова за нас е навистина непроценливо за да бидеме како и секогаш таму каде што е најпотребно, додаде Пешовски. 

Source link: www.24.mk