Илиевски за ТВ 24: Со новиот минситер Јетон Шаќири може да имаме поголема криза во образованието

„Во образовнието е загрижувачка состојбата, особено во високото образование. Имаме институционална криза, и нормативна криза, а во врска со сето тоа доаѓа корупцијата и криминалот кој ни се случува во високото образование. Институционалната криза е тоа што сите институции ни се партизирани, меѓу кои Министерството за образование, Државниот просветен инспекоторат, Агенцијата за квалитет на високото образование, Одборот за акредитација, Одоборот за евалуација, Инспекцискиот совет.. Имаме една партиска криза во образованието. И со новиот министер за образование нема ништо да се случи, туку ќе имаме една поголема криза. Тој доаѓа од Универзитетот на Рамиз Мерко, а таму имаме доста криминални дејанија. Има сомневања дека е неностирфицирана докторската дисертација на самиот министер, но ние секако ќе истражиме.“ — вели за Студио 10 Ѓорѓи Илиевски, поранашен просветен инспектор.

Source link: www.24.mk