Арсовски за ТВ 24: Судиите кои му го укинаа притворот треба да се соочат и да кажат зошто му го укинале

Политичкиот аналитичар Петар Арсовски во емисијата 24 анализа истакна дека одлуките на судиите треба да се спроведуваат, но тие се чинители во општеството и нивните потези треба да бидат на увид.

— Судиите кои му го укинаа притворот треба да се соочат и да кажат зошто му го укинале и како процениле дека човекот кој еднаш избегал при првото апсење, сега му дозволуваат да се брани од слобода. Факт е дека тие го имаат мандатот, но тоа не значи дека тие се целосно суверени без никаква обврска да ги објаснуваат своите одлуки. Кога имате ваква ситуација и судиите ќе одлучат како што ќе одлучат, сакале или не преземаат одговорност што ќе се случи со Мијалков откако ќе излезе на слобода. Што ако избега? — вели Арсовски.

Source link: www.24.mk