„Вевчански ковид сертификат“,вакцинација и дезинфекција „Летаме за ЕУ“, политичарите актуелни и поранешни, „Зетот и невестата“, „Глупавиот август“ и „Музичарите“ се само дел од маските кои денеска продефилираа низ Вевчани со што жителите го одбележаа традиционалниот Вевчански карневал обичај стар со векови. Не беше одмината ниту „Енергетската криза“,поскапувањето а се вееше и Европското знаме.
Вевчанци на свој начин ги исмеваа политичарите.
Градоначалникот Спасе Кочовски вели убавината на карневалот е токму во хуморот и сатирата.
„Василичарите ја прикажуваат годината онаква каква што била со сите позитивности и негативности во неа. Не треба да бидеме суетни. Тоа се маски кои не сакаат никого да навредат или повредат, не будат никакви национални или верски чувства“, вели Кочовски.
Вевчанци со карневалот ја слават Стара Нова година, со маските и ритуалите се обидуваат да го избркаат злото.
Source link: www.24.mk