На Попова Шапка 75 сантиметри снег

Минус  седум степени се измерени изутрина на Попова Шапка каде има и највисока снежна покривка од 75 степени. Во Маврови Анови се регистрирани -4 степени,  -3 во Крушево, -1 во Прилеп, Берово, Дебар и Виница, 0 во Тетово, Струмица, Битола, Охрид и Претор, 1 во Штип, Куманово и Крива Паланка,  а два во Скопје, Дојран, Демир Капија, 4 Гевгелија.

Во Маврови Анови има 43 сантиметри снег, 24 во Пожаране, 18 Крушево и Виница, 10 во Берово, седум во Тетово, шест во Крива Паланка, три во Струмица и Претор, два во Ѓуриште, еден сантиметар Прилеп.

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено. Претпладне главно на југоистокот се уште ќе има локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 1 до 6 степени.

 Во Скопје претежно облачно и студено со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

Source link: www.24.mk