За еден ден полицијата напиша 330 казни за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Санкционирани се 330 возачи. 

Од нив 34 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. 

Притоа, 139 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 191 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Source link: www.24.mk