Николовски за ТВ 24: Сега треба смиреност и да не се користат високи тонови поради ставањето на Македонија на црната листа на Русија

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски во емисијата 24 анализа во врска со ставањето на Македонија на црната листа на Русија рече дека ги следат состојбите и треба смиреност и да не се користат високи тонови.

— Ги правиме сите анализи за нашата трговска размена со Русија и Украина за најзастапените прозводи во делот на извозот и секакви алтернативни решенија се предмет на работа на министерството и билатерално се комуницира со сите амбасади како и во претходните години кога ги имало. Најзастапените производи кои ги имало во претходниот период на рускиот и украинскиот пазар, владата и министерството ќе ги преземе сите инструменти за да се обезбеди како и досега и верувам дека во периодот што следи и можните сценарија. — рече министерот.

Source link: www.24.mk