Ангелоски за ТВ 24: Економско ниво пред пандемијата ќе го доживееме следната година

Претседателот на Сојузот на Стопанските комори Трајан Ангелоски во емисијата 24 анализа истакна дека изминатата година имала стресни ситуации, наметнати од меѓународните случувања. 

— Имаме корекција на бруто домашнот производ на падот од претодната година, не 4.5, туку 6.1. Во однос на стапката на раст, предпандемиското економско ниво ќе го доживееме следната година Уште сме во минусот. Имаме раст, но се трудиме да го достигнеме нивото од пред пандемијата. Во однос на невработеноста. Очекувам дека процентот на невработеност ќе се намалува и фирмите се бореа на повеќе начини да ги задржат вработените. Сетскиот пазар е распаднат и тоа се големи предизвици. — вели Ангелоски.

Source link: www.24.mk