МВР ќе утврдува кои лица ја попречуваа нивната акција против диви продавачи во Струмица

Полицијата ќе го утврдува идентитетот на сите лица кои ја попречиле работата на полициските службеници и преставниците на државниот пазарен инспекторат и насилно ја одзеле запленетата стока во вчерашната акциска контрола против дивата продажба на текстил во центарот на Струмица.

На социјалните мрежи излезе видео како улични продавачи ја попречуваат работата на инспекторите и полицајците а во еден момент насилно ја одземаат стоката од полициското возило и бегаат по булеварот. Од МВР ифнромираа дека станува збор за редовна акција за да се сузбие уличната продажба на текстил.

„Во координација со ДПИ се спроведе акција и на 15.02.2022 година на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, при што била одземена текстилна стока од таквите продавачи на текстил, но групата продавачи превзеле дејствија со цел насилно да ја одземат стоката. Секторот за внатрешни работи Струмица презеде мерки за утврдување на идентитетот на сите лица учесници во настанот и против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие.“ — соопшти МВР.

Сузбивањето на уличната продажба на текстил беше еден од прироритетите на Локалниот совет за превенција. Надлежните уште во декември најавија засилени контроли по јавните и сообраќајни површини за да се стопира ова појава.

СВР Струмица во координација со Држвен пазарен инспекторат и во иднина ќе продолжи со контролтие истите со цел санкционирање на нелегални продавачи кои вршат и узурпирање на сообракајни и јавни површини.

Source link: www.24.mk