Сончево со мала облачност и северозападен ветер

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во источните делови повремено ќе биде значително облачно, а кон крајот на денот во североисточните ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе  достигне до 8 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне, информираат од УХМР. 

Source link: www.24.mk