Арсовски: СДСМ призна вина за „АД Славија“, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните спречија криминална продажба

Власта и СДСМ со откажувањето на продажбата на АД Славија ја признаа вината. Сакаа да ја продадат на криминален начин, за без пари, да си ја присвојат и потоа да профитираат во милионски суми. Едноставно да се дообогатат преку ноќ одредени луѓе кои што би ја купиле. Нормално, тие луѓе се блиски до СДСМ и до власта. ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните спречи продажба на АД Славија на криминален начин и со тоа спаси за државата и граѓаните 20 милиони евра во имот. — реагираа од опозицијата.

Source link: www.24.mk