Халили за ТВ 24: Не беше реално да сонуваме за некоја прва меѓувладина конференција

Мухамед Халили, екс-амбасадор во Белгија и шеф на Амбасадорскиот совет во емисијата 24 анализа истакна дека македонската јавност има право да биде разочарана, но зошто да бидат разочарани политичарите? Некои работи од минатото излегуваат на виделина.

— Сме ја потцениле 2017 година кога очекувавме резултати и 2018 кога се појави високо прокламената идеја на Макрон за друг тип на методологија на проширувањето. Не верувајќи во тоа што доаѓаше како реалност, не ги пласиравме добро тие елементи од јавноста. Не беше реално да сонуваме за некоја прва меѓувладина конференција, бидејќи имавме една политина институција Радев кој се спротивставуваше на тоа и имаше потенцијален иден премиер кој се заложи оптимстички дека е основа коалиција. Му недостасува време и тоа за него е шест месеци. Тоа не е многу ако ја добиеме првата меѓувладина конференција. — рече Халили.

Source link: www.24.mk