„Кода“ триумфираше на Оскарите, „Дина“ со најмногу освоени статуетки

Филмот за лицата со оштетен слух „Кода“ триумфираше на годинешните Оскари, со три номинации и освоени Оскари во сите три категории. Академијата за филмски уметности и науки годинава повторно ги заостри протоколите за Ковид-19 за оние кои беа присутни на церемонијата на Оскарите во 2022 година во Долби театарот.

Оние кои тестирале позитивно за Ковид-19 во првите пет дена од датумот на нивниот прв позитивен тест, не им беше дозволено да присуствуваат на церемонијата. Оние кои биле позитивни на тестот во рок од 6-10 дена мораа да обезбедат негативен PCR тест кој го спроведува медицински професионалец пред самата церемонија. Оние кои се над 10 дена надвор од нивниот прв позитивен резултат на тестот мораа да дадат негативен резултат од антиген тестот од медицински надзорник.

Сите присутни мораа да бидат целосно вакцинирани и да направат два ПЦР тестови, еден на 24 март и еден од 26-те. Маските и социјалното дистанцирање беа задолжителни за присутните во театарот Долби. Присутните членови на печатот, мораа да обезбедат еден негативен PCR тест. 

Годинава, вестернот „Моќта на кучето“ доби 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија филмовите „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.

Презентери на манифестацијата беа Ентони Хопкинс, Кевин Костнер, Џон Траволта, Џејсон Момоа, Џејми Ли Кертис, Лејди Гага, Џејк Џи Ленхол, а Бијонсе, Били Ајлиш, Риба Мекинтаер и Себастијан Јатра ги изведоа номинираните оригинални филмски песни.

На годишеното издание за првпат женската тројка Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс беа водителки.

Церемонијата започна со изведбата на Бјонси на песната „Биди жив“ од филмот „Кралот Ричард“, а потоа следуваа и оскарите за сите категории. Оскарот за најдобра Женска споредна улога го доби Аријана Де Боуз за улогата во римејкот на филмот „Приказна од западната страна“. Кај мажите во оваа категорија, Оскарот отиде во рацете на Трој Коцус за „Кода“ и тој е вториот актер со оштетен слух кој добива Оскар.

За најдобар звук Оскарот го доби филмот „Дина“, кој исто го доби оскарот и за директор на фотографија, за најдобри визуелни ефекти, најдобра оригинална филмска музика на Хамс Зимер, за најдобра филмска монтажа, за продукциски дизајн,

Оскарот за шминка и фризура отиде за филмот „Очите на Теми Феј“.

За најдобра филмска песна е „Нема време за умирање“ на Били Ајлиш и ова е трета песна од фимовите за Џемс Бонд што освојува Оскар по Адел и Сем Смит.

За најдобра костимографија Оскарот го доби филмот „Круела“. 

Оскарот за најдобро оригинално сценарио го доби режисерот Кенет Брана за филмот „Белфаст“. За најдобро адаптирано сценарио, Оскарот го освои филмот „Кода“.

Оскарот за најдобар странски филм го доби јапонскиот филм „Вози го мојот автомобил“.

„Кралицата на кошарката“ го доби Оскарот за најдобар краток документарен филм. За најдобар долгометражен документарен филм Оскарот го доби „Лето на соулот“.

За најдобар анимиран филм е прогласен „Енканто“, за најдобар краток анимиран филм, Оскарот го доби „Бришачот на шофершајбни“, за најдобар краток филм Оскарот го доби „Долго збогување“. 

Во главните категории, Оскарот за најдобра режија го доби Џејн Кемпион за „Моќта на кучето“, таа е прва жена која двапати е номинирана о оваа категорија. „Борба на титаните“ беше оценета оваа категорија. Џејн беше номинирана за режија во 1994 za „Пијано“, но тогаш Спилберг го освои за „Шиндлеровата листа“, а сега Оскарот го освојува таа, наместо Спилберг за „Приказна од западната страна“.

За најдобра актерка во главна женска улога Оскарот го доби Џесика Џестејн за улогата во филмот „Очите на Теми Феј.“ За најдобар актер во главна машка улога беше прогласен Вил Смит за „Кралот Ричард“.

Оскарот за најдобар филм го освои „Кода“. Со три номинации и сите три освоени Оскари, филмот е потресна приказна за лицата со оштетен слух.

Два дена пред официјалната цермонија, на 25 март беа доделени и почесните Оскари на Семјуел Л Џексон, сценаристката Елејн Меј и актерката Лив Улман, а хуманитарната награда „Џејн Хершоф“ му припадна на актерот Дени Гловер. Годинава се одбележаа и 60 години од првиот филм за Џемс Бонд, „Доктор Но“ и 50 години од „Кум“. На сцената се појави режисерот Франсис Фолд Копила со Ал Пачино и Роберт де Ниро, а на сцената се појавија и актерите од филмските евергрини „Евтини приказни“, Семјуел Л. Џексон, Ума Турман и Џон Траволта. Беше одадена и почит на сите филмски работници кои починаа минатата година. Преку посебен текст на екранот беше упатен и апел за помош за Украина.

Како најголем скандал на Оскарите беше кавгата помеѓу актерите Крис Рок и Вил Смит проследена со пцовки, од она што требаше да излезе шега, но за Вил Смит беше навреда кога колегата му рече дека неговата сопруга Џада може да ја игра „Г.И. Џејн“ во вториот дел зошто немаше коса, па стана и го удри на сцената.

„Кода“ триумфираше на Оскарите, „Дина“ со најмногу освоени статуетки

„Кода“ триумфираше на Оскарите, „Дина“ со најмногу освоени статуетки

„Кода“ триумфираше на Оскарите, „Дина“ со најмногу освоени статуетки

Source link: www.24.mk