Новозаразени со Ковид 19 се 473 лица, а починаа 13 пациенти

Министерството за здравство информира дека од направени  3.146 тестови регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19: Скопје –255, Битола – 31, Куманово – 25, Прилеп — 23, Кавадарци и Велес — по 17, Тетово — 14, Кичево — 13…

Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се 74 реинфекции.

Регистриран сe 775 оздравени пациенти од: Скопје –454, Куманово –  55, Битола – 54, Струмица – 26…

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 6 починати лица: По едно починато лице од Прилеп (89г), Кочани (85г), Штип (80г), Охрид (71г), Велес (85г) и Кичево (71г). Сите пријавени лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 7 починати лица од: Скопје (2), Битола (2), Крива Паланка (1), Штип (1) и Гевгелија (1). Починатите лица се на возраст од 58г. до 84г. 

Досега во земјата од Ковид 19 починаа 8.994 лица, а бројот на активни случаи изнесува 4.298.

Source link: www.24.mk