Нема договор за минималната плата, предлогот на Бизнис конфедерацијата ќе се разгледува на Економскиот совет на Владата

Синдикатите, работодавачите и Владата и денеска не се договорија за зголемувањето на минималната плата. Заеднички е оценето дека постоечкиот модел на усогласување на минималната плата не е добар за ниту една страна. Од Владата најавуваат дека ќе го разгледаат новиот предлог на Бизнис конфедерацијата за да се субвенционира зголемувањето на минималната плата од страна на државата по што следната недела повторно се очекува да продолжат разговорите.

Предлогот на Бизнис конфедерацијата ќе биде разгледан во понеделник на седница на Економскиот совет при Владата. Во изјавата за медиумите, Битиќи порача дека работниците ќе добијат одржливо решение кое ќе им гарантира не само годинава највисока минимална плата, туку и следните години. 

За синдикатите, нивниот предлог за зголемување на минималната плата на 18.000 денари е најприфатлив. Не се задоволни од односот на работодавачите, а ја охрабрија Владата да застане на нивна страна.

Source link: www.24.mk