Почина Аки Рахимовски, пејачот на „Парни ваљак“

Пејачот на „Парни ваљак“ Аки Рахимовски почина денеска на 66-годишна возраст. Веста е објавена на официјалната фејсбук страна на групата.

Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но набрзо потоа неговото семејство се преселува во Скопје, каде тој учи да свири клавир, а подоцна како тинејџер е дел од неколку рок и поп групи. Неговиот татко бил музички професор со што на седум години тој започнал да учи во музичко училиште за клавир и пеење. Со групата „Парни ваљак“ сними десетици албуми и одржа низа концерти на просторите на поранешна Југославија. 

Како тинејџер бил член на неколку состави меѓу кои се групите «Вакуум», «Крвна браќа» и «Тор» со кој настапил на фестивалот во Загреб во 1975 година. Во соработка со менаџерот Владимир Михаљек — Мих го формираат првиот состав на «Парни ваљак».

Source link: www.24.mk