Трудовиот инспекторат утврдил неправилности при контролите за недела неработен ден

Државниот инспекторат за труд вчера извршил 36 контроли на територијата на Македонија. Кај 9 работодавачи, односно правни субјекти, било констатирано неправилности односно не го известиле Државниот инспекторат за труд обврска која произлегува од Законот за работни односи.

Трудовиот инспекторат вчера постапувал исклучиво по измените на Законот за работни односи но не и по Законот за трговија бидејќи тој од денес стапува на сила. Согласно законот за работни односи постојат над 40 исклучоци кои мора да работат но за тоа мора да известат, додека согласно Законот за трговија постојат 5 ставки кои овозможуваат кој се ќе работи во недела. 

Дел од граѓаните децидни недела треба да биде ден за одмор. . 

Согласно законот за трговија, се предвидува дека трговијата на мало во недела може да се врши само во специјализирани продавници и киосци во туристички места и во трговски центри, за време на спортски настани и фестивали и саеми. Исто така може да работат угостителските објекти но не смеат да работат маркетите надвор од моловите.

Source link: www.24.mk