Во интервју за Канал 5, Спано порача дека извршувањето на пресудите за Бугарија во однос на македонското малцинство е политичко прашање, кое е во надлежност на комитетот на министри на Советот на Европа.

Ќе има ли правда за Македонците во Бугарија? Стразбур носи пресуди, но нема механизам да ги спроведе.

Во видеото погледнете го целото интервју на Михаела Димовска со претседателот на Европскиот суд за човекови права, Роберт Спано.

Како ја оценувате соработката со Македонија ? Дали сме проблематична земја кога станува збор за извршувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права?

  • Дозволете ми прво да кажам колку сум среќен што сум тука во оваа прекрасна земја. Како што можев да кажам во последните два дена, генерално, усогласеноста на Република Македонија со судскиот систем на ЕСЧП е доста добра. Ние немаме никакви големи проблеми кога станува збор за извршувањето на пресудите овде во оваа земја. Секако дека секогаш сакаме да продолжиме со подобрување на соработката. Но, генерално,да одговарам на вашето прашање, нема суштински потешкотии во моментов со извршувањето на судските пресуди.

Сепак, имаме искуство од регионот каде вашите пресуди не се извршуваат, конкретно за македонското малцинство во Бугарија. Американската конгресменка Клаудија Тени потврди дека постојат најмалку шестнаесет пресуди за нарушување на основното човеково право на собир на Македонците во Бугарија, пресуди кои се уште не се извршени. Постојат ли одредени механизми за санкционирање на Бугарија поради неизвршувањето на овие пресуди и дали исите се облигациони?

  • Имаме систем во Европскиот суд за човекови права каде што судот ги носи пресудите, наоѓајќи прекршувања, потенцијални. И постои уште едно тело наречено Комитет на министри кое ги извршува пресудите, така што извршувањето на пресудите е навистина политичко прашање. Не можам јас како судија во судот да разговарам за прашања кои се можеби политички чувствителни за поединечни држави, но генералниот принцип е многу јасен секоја земја-членка на Советот на Европа, без разлика на нејзиното име, без оглед на пресудата што Судот ја донел и увидел повреда е должна да ги изврши пресудите,тоа е неприкосновена обврска според меѓународното право како што се бара со Конвенцијата.Значи, овие општи принципи се применуваат во сите случаи каде што сме констатирале прекршувања.

Како ја оценувате состојбата во правосудниот систем во Македонија? Можеме ли да кажеме дека е лоша, средна или добра?

  • Генерално, ми се чини дека постои добра волја да се интегрира нашиот пристап и на крајот на денот тоа е најважно. Се разбира, секогаш има некои проблеми, мислам во секоја земја-членка, можеби има пресуди кои ќе дојдат до Стразбур кои бараат од нас критички да ги погледнеме инвидивудалните одлуки, но генерално можам да кажам дека националниот судски систем во Македонија работи добро во интегрирањето на правилата, и дека на крајот на денот ќе обезбеди заштита на човековите права за луѓето во Македонија. Ова е тековен процес, нешто на што треба да се работи секој ден. Така што се разбира дека не е се перфектно, тоа го нема во ниту една од земјите-членки на Советот на Европа, но генерално на тоа прашање ќе одговорам позитивно.

Кои се најголемите предизвици со кои во моментов се соочува ЕСЧП?

  • Најголемите предизвици се од една страна предизвиците поврзани со многуте случаи што ги имаме во судот, имаме приближно 65.000-70.000 предмети во судот. Запомнете дека судот се состои од 47 земји-членки низ цела Европа со население од 830 милиони луѓе, така што тоа е многу голема надлежност на судот. Значи, тоа е еден од нашите предизвици, во кој се обидуваме да дадеме се од себе за да донесеме пресуди во што е можно пократок временски период. Останатите предизвици се поврзани со настани што се случуваат, како пандемија на пример. Пандемијата не е само прашање на здравствена заштита, не есамо болестшто има драматично влијание врз нашите животи, туку е и предизвик за демократијата и владеењето на правото.