Од тв Алфа велат дека станува збор за редовна реорганизација во фирмата.
Според нив заминувањето на 6 те работници е согласно ситематизацијата, со адекватна програма за исплата на сите потребни отпремнини согласно законот и годините на работен стаж кои достигнуваат и до две и половина просечно исплатени плати на секој вработен, со отказни рокови од 30 денови согласно законот, со право на користење на годишни одмори, исплата на к15 и други надоместоци пропишани со законот. Од Алфа додаваат дека во изминатите две години вработиле триесетина луѓе.
Source link: www.24.mk