Петров за ТВ 24: Не е точно дека 21,48% непопишани

Андреј Петров од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека Македонија направи попис по 20 години и толку години независност да нема попис.

— Верував во капацитетите на државата и секаде пописот треба да е статистички, а кај нас се политизира. Кај нас се заврши во време на пандемија и со комбиниран модел. Не е точно дека 21,48% непопишани. Има работи кои треба да се дебатираат. Луѓето излегувале од Македонија, а се повикуваме на 21% од населението и не е коректно и не одговара на фактите. Најлоша услуга што може да се направи на државата е да се сведат работите на етничка димензија, кога пописот е статистичка операција, не треба да се плука и етикетира еден процес, кој не беше спроведен 20 години наназад. — рече Петров.

Source link: www.24.mk