СОНК на генерален штрајк од 11 април - нема да се примаат деца во градинките, нема да се изведува настава

Конфедерацијата на слободни синдикати денеска одржа предупредувачки протест пред Собранието и Владата, поради неусогласенотста на платите со минималецот.

Доколку нивното барање не биде исполнето, од раководството на КСС најавија генерален штрајк. Бараат покачување на бодот за да може да се задржи распонот на разликата меѓу платите на останатите вработени.

Синдикатот за образование и наука вчера одржа средба со Владата на која се разговараше за усогласување на платите во образовниот сектор со минималната плата, но не се постигна договор. Поради тоа СОНК, најави генерален штрајк во училиштата и градинките кој ќе започне на 11 април.

Минатата среда во Владата во рамки на Економско-социјалниот совет беше разговарано за ова прашање, но не се постигна конкретен договор. Од Владата, пак, порачаа да продолжи социјалниот дијалог и доколку е потребно да се отворат колективните договори и да се види дали има можност за усогласување на платите.

Source link: www.24.mk