Обвинетиoт Тони Трајковски даде одбрана во случајот „ТНТ“

Планот за изградба на објектот „Космос“ беше предлог на бизнисменот Фијат Цаноски кој и го финансираше истиот, кажа поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски на денешеното судење, на кое ја даде својата одбрана како обвинет во случајот, ,ТНТ”, а се однесува на уривање на објектот „Космос“.

Тој во својата одбрана посочи дека паркинг местата во овој објект биле најголем проблем од почетокот.

„Со паркинзите се прават малверзаци и криминал. Инвеститорите во почеток прават како што треба, а реално се случува потребните паркинзи да ги нема. Врховниот суд утврдил дека правото на градба е одземено по вина на инвеститорот.“ — изјави Тони Трајковски поранешен градоначалник на Гази Баба.

Своја одбрана во овој случај вчера даде и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Тој не признава дека е виновен но призна дека таканаречените бомби во кои разговара со екс премиерот Никола Груевски се автентични. Во нив меѓу другото Груевски му вели на Јанакиески да преземе мерки измена на ГУП-от и ДУП-от на местото каде што Цаноски го градеше објектот како политичка одмазда затоа што партијата на Цаноски, ПЕИ тогаш ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. 

Според обвинението за „ТНТ” од април 2011 година до крајот на 2012 година, Груевски во својство на премиер и Јанакиески, како тогашен министер за транспорт и врски, заеднички со цел да му се одмаздат на оштетениот Цаноски, со умисла го поттикнале Тони Трајковски како поранешен градоначалник на Општина Гази Баба, да ја искористи својата службена положба и незаконски да го урне станбено-деловниот објект „Космос“.

Source link: www.24.mk