Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата 24 анализа ги повика синдикалните претставници да се вратат на преговарачката маса.

— Вратете се на преговарачка маса, протестите на улица не носат решение. Само да испочитуваме дијалог, преговори и ќе дојдеме до решение. Никој нема да биде оштетен, секој ќе добие тоа што заслужува – тоа го договоривме на Социјалниот совет, рече Битиќи во гостувањето на 24 анализа заедно со претставниците на синдикатите. Владата се бори за достоинствени плати на граѓаните. Да се вратиме на маса. Ќе ги кажеме фактите, ќе ги согледаме ситуациите, сите сме разумни луѓе и на крај ќе најдеме решение. Ние се бориме за достоинствени плати, без или со репрезентативни и нерепрезентативни синдикати зашто веруваме дека секој во нашето општество заслужува достоинствени плати. Местото за да најдеме решение е на преговарачка маса и со секое ресорно министерство. — рече Битиќи.

Source link: www.24.mk