Потпишан македонско - бугарски Меморандум за соработка во спортот, иницирани средношколски игри и ултрамаратон

Меморандум за соработка во областа на младите и спортот денеска во Софија потпишаа претставници на македонската Агенција за млади и спорт (АМС) и бугарското Министерство за млади спорт.

— Меморандумот ги зајакнува односите помеѓу двете земји преку унапредување на соработката во развојот на младите и спортот врз принципите на реципроцитет, заемно разбирање и корисност, а размената на искуства, значително ќе придонесе за унапредување на условите во спортот, како и условите за работа, студирање и напредок на младите, соопшти АМС.

На средбата од македонска страна е предложено во Охрид да се одржат средношколски игри со учество на 600 натпреварувачи од двете земји, додека бугарската страна предложи поддршка за организирање ултрамаратонска трка, во која би се вклучила и Албанија.

Работните групи од двете страни се договорија во најкус можен рок да подготват акциски план со конкретни термини за реализација на активностите, но и за активности надвор од Планот кои може да се реализираат во периодот до јуни 2022 година.

Source link: www.24.mk