Николовски: Србија за 7 до 10 дена ќе ја тргне забраната за извоз и ќе ни испорача пченица, пченка, брашно и масло

Денеска во белград министерот за земјоделство, шумарство и водостапанство Љупчо Николовски на работниот состанок со српскиот министер за земјоделие Бранислав Недимовиќ, постигна договор во следните 7 до 10 дена да се тргне забраната за извоз од Србија во Македонија на производите пченица, пченка, брашно, масло за јадење и да почне испораката на количините што се договорени меѓу економските партнери од двете држави. 

„Тоа значи дека сите договори на нашите економски партнери од сите стопански комори ќе бидат реализирани, забранатa ќе биде тргната, а за договорените количини ќе биде испратено и писмо, уште денеска од премиерот на македонската Влада до српската премиерка, со цел да да се тргне српската забрана за извоз во следните 7 дена, како што и беше договорено на овој состанок“ — изјави министерот Николовски по средбата.

Source link: www.24.mk