Регионална депонија во Пелагонискиот регион ќе биде решението за сметот од струшката дива депонија

Сметот од струшката дива депонија и охридската на Буково ќе се носат на нова регионална депонија во Пелагонискиот регион на територија на општина Новаци која ќе биде изградена според европските стандарди – собирање на исцедокот за да се спречи загадување на водите, како и изведба на подлога на депонијата од геолошка бариера, геомембрана, геотекстил и слој за дренажа.

Советот на Југозападниот плански регион донел одлука за формирање јавно меѓуопштинско претпријатие во Новаци за транспорт на смет. Финансиските средства за воспоставување на овој систем за управување со отпадот се обезбедени преку заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Имплементација на овој проект ќе се одвива релативно брзо, уверува Мерко.Со овој регионален систем за управување опфатени ќе бидат општините Охрид, Дебар, Струга, Кичево, Прилеп и Битола.

Со изградбата на регионалната депонија на местото во иднина треба да се затворат постојната охридска депонија „Буково“, струшката депонија, како и сите останати општински локации за одлагање на отпадот кои до денешен ден предизвикуваат проблеми и негодувања кај населението, критики од УНЕСКО и на еколошките организации поради досегашните палења на отпадот, загадувањето на водите и нивната севкупна опасност по животната средина.

Source link: www.24.mk