На повидок нов скандал

Кој и како дозволува државните земјишта да се узурпираат и на сметка на истите да се профитира? Паркинг простор, кој се наоѓа на самиот влез од старата скопска чаршија, веќе долги години успева да опстојува на државно земјиште. 

Но, наместо државата, како сопственик на земјиштето, да води грижа за истото долги години дозволило физичко лице да води грижа за државното земјиште на кое пак си поставил рампа и наплаќа 50 денари од час за секој еден кој решил да го искористи просторот и да го паркира своето возило. 

Покрај тоа што е државно земјиште истото се наоѓа и во зоната на заштитено подрачје со што се отвора и прашањето како државните институции долги години дозволиле пред нивни очи физичко лице да постави рампа и да профитира. 

Дека се работи за државно земјиште кое се наоѓа во заштитено подрачје потврдија и од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. Од таму велат дека физичко лице си дозволил да го узурпира државното земјиште и да постави рампа за паркинг простор. 

„Во Старата Скопска чаршија, на диво, поставена е рампа на државно земјиште, односно направена е узурпација на земјиштето  од страна на физичко лице  кое има за своја сметка поставено рампа. Од таа причина Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам ќе изврши инспекциски надзор.“ — велат за ТВ24 од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. 

Како и кој дозволил узурпација на државното земјиште кое е во зоната на заштитено подрачје треба да покаже инспекцискиот надзор на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам. 

Додека се  утврдува фактичката состојба, рампата е поставена но ќе платите 50 денари од час. Од тука се поставува и прашањето зошто државата дозволила необновливиот ресурс, државното земјиште, да биде основ за профит. Но и зошто наместо државата да управува со својот имот истото дозволило физичко лице на грбот на граѓаните да профитира?

Source link: www.24.mk