На 30 март ќе се објават резултатите од пописот, ќе не има ли помалку од 1 милион и 800 илјади?

По 20 години Макдонија конечно ќе дознае колку жители има. На 30 март државниот завод за статиските ќе ги каже конечните податоци од пописот кој беше спроведен од 5 до 30 септември 2021 година.

Директорот на државниот завод за статистика Апостол Симовски за ТВ 24 вели дека не може да се очекува демографски бум.  

— На 30. март ќе ги објавиме конечните резултати од пописот, подготвуваме настан, во салата на Филхармонија. Чекавме 20 години за податоци од попис, ќе почекаме уште малку. — изјави Апостол Симовски директорот на државниот завод за статистика.

Резултатите можело да бидат објавени и порано оценува Дончо Герсимовски специјалист во областа на статистиката и поранешен директор на Државниот завод за статистика. Тој за ТВ 24 вели дека бројот на население кој е добиен е број кој 20 годишен период е намален за околу 200 илјади жители. Според Герасимовски може да се очекува и помалку од милион и осумстотини. 

— Меѓународните организации и податоците од обединетите нации и секторот за иселување на население, покажуваат дека во изминатите само 10 години околу стоседумдесет и пет илјади луѓе се иселени од нашава земја, тогаш да рачунаме што е со претходните 10 години. Тоа дава еден имплус дека бројката од милион и осумстотини може да биде пониска. Тука треба да се има во предид дека бројот на население е добар кога има целосен опфат, бидејки имаше бојкот, па повици од политички партии за непопишување, се тоа влијае на се она што е направено во изминатиов шест месчен период. — изјави Доночо Герасиповски специјалист за статистика.

ДЗС 

Вкупно попишани 1.832.696 лица 

Регистрирани се 568.175 домаќинства 

837.255 станови 

Попис 2002г. 2.022.547 лица 

Според Државниот завод за статистика објавени веднаш по завршувањето на Пописот, вкупно беа попишани 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Последните достапни податоци од пописот кој беше одржан во 2002 година покажуваат дека тогаш вкупното население изнесувало 2.022.547 лица.

Source link: www.24.mk