Бесими за ТВ 24: Пресметки на ребаланс на буџет, ќе има одлука за штедење

Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата 24 анализа истакна дека во тек се и разговорите и преговорите со министерствата во однос на ребаланс на буџетот. Поради војната во Украина, очекувано е дека проекциите ќе се корегираат. Инфлацијата ќе биде повисока, и токму поради тоа ќе се корегира и сегашната стапка на БДП.

— Проектите кадешто има забавена динамика, ќе се кратат. Не препорака, туку ќе има владина одлука за штедење во економска криза и таа нема да важи само за министрите, туку кон неа треба да се придружуваат градоначалници, директори на други државни институции. — рече Бесими.

Source link: www.24.mk