Комитетот на министри на Советот на Европа: „Длабоко загрижен“ поради нерегистрацијата на македонските здруженија во Бугарија

Комитетот на министри на Советот на Европа во својата најнова одлука, донесена на 9 март, а објавена денеска, изразува „длабока загриженост“ поради тоа што речиси 16 години по првата правосилна пресуда по предметот на организацијата ОМО „Илинден“ против Бугарија, и „натаму редовно им се одбива регистрацијата на здруженијата кои имаат за цел признавање на македонското малцинство“ и дека тоа во моментов изгледа е главно „поради поголем проблем на неодобрување на нивните цели“.

Советот на Европа така уште еднаш ги повикува властите да го разјаснат постоењето и правната основа на практиката што ги обврзува здруженијата да се регистрираат според статут на здруженија од јавен интерес, посочува комитетот.

Source link: www.24.mk