Попоски за ТВ 24: Не сметам дека има безбедносен ризик од војната во Украина за Балканот и Македонија

Никола Попоски поранешен министер за надворешни работи и поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа порача дека најголемите последици за Македонија од руската инвазија ќе бидат економските.

— Не постои безбедносна закана за нас во балкански рамки. Тоа што има НАТО сили на Косово е фактор на стабилност и би требало да сме посигурни. Немање на НАТО сили на Косово, може да стимулира посебгнување по оружје и воено решавање на прашањата од сите можни аспекти. — рече Попоски.

Source link: www.24.mk