Пентагон: Путин регрутира странски борци за војната во Украина!

Пентагон верува дека рускиот претседател Владимир Путин се обидува да регрутира странски борци за војната против Украина, изјави портпаролот Џон Кирби за Си-Ен-Ен.

– Имаме индикации дека кои ја потврдуваат приказната дека тие всушност се обидуваат да ангажираат и регрутираат странски борци. Мислиме дека Путин смета дека е неопходно затоа што неговиот напредок во северна Украина со 150.000 војници е запрен, додаде Кирби, осврнувајќи се на сторијата за регрутирање на Сиријци што ја објави Вол Стрит Џурнал.

Source link: www.24.mk