Бомгартнер: Постои стратешки интерес кај Франција за Западен Балкан

„Постои стратешки интерес кај Франција и кај високите претставници за овој регион кој што се наоѓа во срцето на Европа. Знаеме дека и Чесите кои по Франција ќе претседаваат со Советот на ЕУ сакаа да организираат самит за Западен Балкан. Ние го избравме зборот конференција за да направиме разлика меѓу нашата иницијатива и самитот кој што ќе следи потоа“ — вели Сирил Бомгартнер, францускиот амбасадор во Македонија во Студио 10 на ТВ24.

Амбасадорот дополни дека „Француско-германскиот тандем се соочува со критики кои понекогаш се и критики за Европа дека понекогаш не правиме доволно за Европа. Таа соработка е суштинска, мислам дека односите треба постојано да се збогатуваат“.

Source link: www.24.mk