Вклучена е струјата и обезбедени се дрва за огрев за семејството Јовановиќ

Помош за семејството Јовановиќ од Велес почна да стигнува утрово, откако ТВ24 вчера ја објави нивната животна приказна. Хумани луѓе и организации му понудија решавање на дел од проблемите на Бранко. Евангелската црква ги плати сметките, па по неколку месеци мрак, струјата светна во неговиот дом.

Домот на Јовановиќ го посети и градоначалникот на Велес Марко Колев. Општината ќе му додели еднократна парична помош, а преку комуналното претпријатие Дервен, обезбедени се и дрва за огрев.

Вчера ТВ24 објави сторија за тешкиот живот во немаштија на ова семејство. 63-годишниот Бранко Јовановиќ бегалец од косовската војна, заедно со својот 8-годишен внук неколку месеци живее без струја и без пензијата од 10.000 денари, оти изврешител му ја блокирал сметката. Денеска се врати насмевката на лицето на Бранко, но солзите тешко се сопираат.

Тим од Центарот за социјални работи утрово го посети ова семејство. Сепак, останува да се реши најголемиот проблем, Бранко да добие свој стан, во кој ќе може да го пречека својот внук во пристојни услови.

Source link: www.24.mk