Инвестициски самит во Лондон

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска се обрати на пленарната сесија на отворањето на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон.

На оваа сесија на Самитот, на кој присуствуваат голем број претставници на бизнисот и финансиските институции од Европа и светот, премиерот Ковачевски говореше за економските политики и за финансиската поддршка наменета за странските инвеститори, кои веќе покажаа исклучително позитивни резултати и по кои Република Северна Македонија се препознава како атрактивна дестинација за странските инвеститори.

„Неколку прашања се од важност за инвеститорите кога треба да изберат каде да инвестираат, а тоа се  макро економска стабилност, колку се пријателски околностите за водење бизнис и дали е развиена инфраструктурата. Во однос на првото прашање имаме стабилна макроекономска слика и тоа е осигурено со стабилниот рејтинг на земјата кој го потврди и „Стандард и Пурс“. Со добри политики одржуваме стабилна макроекономска состојба и јавен долг кој е под нивото на земјите од регионот“, истакна премиерот Ковачевски во своето обраќање на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон.

Ковачевски додаде дека во земјата има стабилни финансиски текови со стабилна валута како столбот на макроекономската политика која со години ја одржуваме.

Во врска со поддршката што им ја даваме на инвеститорите во Северна Македонија, рече премиерот Ковачевски, атрактивните стимулативни мерки за инвестирање се покажаа како посебно атрактивни за инвеститорите кои доаѓаат од автомобилската и ИТ индустријата а ќе имаме стимулации и за другите инвестиции.

Source link: www.24.mk