Во Скопје 151 сообраќајен прекршок, 45 за брзо возење

На територија на Град Скопје вчера во рамки на спроведените засилени сообраќајни контроли изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции.

Како што информираат од МВР, изречени се и 36 мерки за управување со возило под дејство на алкохол, десет санкции за возење без возачка дозвола.

Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за возач почетник, две за нерегистрирани возила, три за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Од МВР најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Source link: www.24.mk