Андоновска за ТВ 24: Апелиравме составот на комисијата за заразни болести да се растерети од политиката

Марија Андоновска член на Комисијата за здравство од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа рече дека уште од самиот почеток на пандемијата, нејзината партија излегла со свои мерки и препораки.

— Од самиот почеток на оваа пандемија, уште пред да го имаме првиот случај централната комисија на ВМРО-ДПМНЕ излезе со свои мерки, излезе со свои препораки и апелираше до власта, до министерот за здравство и до комисијата секако дел од тие мерки да бидат разгледувани. Пред се апелиравме на составот на комисијата препорачувавме истата таа комисија да се растерети од политиката, да се департизира, да се стават професионалци, елоквентни луѓе, експерти кои што навистина ќе допринесат со своето знаење, со својот кредибилитет во насока на успешна борба кон пандемијата. Не бевме послушани. Не можете да ставите член на таква комисија, а тој да е директор на некоја институција поставен пред тие кои треба да ги советува. Ги поздравуваме проблемите што се случија, но се недоволни да го добиеме посакуваниот ефект. Новите членови мора да почнат веднаш да делуваат. Препорачавме и нови мерки, кои не беа земени в предвид. — рече Андоновска.

Source link: www.24.mk