За неколку часа ќе се одржи итна седница на СБ на ОН посветена на Украина

Советот за безбедност на ОН за неколку часа ќе одржи седница посветена на кризата во Украина, откако Русија донесе одлука да признае независност два сепаратистички региони и почна да распоредува војска „заради одржување на мирот“.

Според руски дипломат, седницата ќе се одржи во 21 часот по локално, односно во 03 часот по македонско време.

Итна седница на СБ на ОН побара претседателот на Украина Володомир Зеленски, а САД, Велика Британија и Франција го поддржаа барањето. Освен овие три држави, во Советот за безбедност, кој има за задача да го одржува мирот и безбедноста помеѓу нациите, како постојани членки се и Русија и Кина.

Русија, како актуелен претседавач со Советот за безбедност, е одговорна за закажување на состанокот и таа најави дека седницата ќе се одржи зад затворени врати. Според Гардијан, САД, Велика Британија, Ирска, Норвешка и други земји барале седницата да биде отворена за јавност.

Source link: www.24.mk