Mицкоски: Цунами од проблеми во општините создадени од претходниците

Цунами од проблеми во општинити создадени од претходниците кои ништо не сработија и само зададоа удар врз општините, а секој таков потег е удар и врз граѓаните, рече лидерот на ВМРO-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при давањето на отчет за сработеното во првите сто дена од работењето на градоначалниците од ВМРO-ДПМНЕ. 

Во својот говор, Мицкоски не ги изостави од критика ДУИ и СДСМ за кои рече дека време е да си одат и за тоа побара повторно предвремени парламентарни избори.

Покрај пофалбите за сработеното на градоначалниците, Мицкоски подвлече дека е време да се стави крај на луѓето кои го разнебитуваат идентитетот на државата. Се осврна и на економските процеси, покрај за скалестото покачување на минималната плата, рече и дека е потребен нов раст на пензиите и тоа по 3.000 денари за секој пензионер месечно.

Мицкоски рече и дека не смее да се дозволи да бидеме држава на богата Влада, а сиромашен народ. Посочи дека се подготвени за разговори за една изборна единица и за укинување на Пржинската влада, очекува и покана за лидерска средба.

Source link: www.24.mk