Нема договор за мининалецот, утре предупредувачки протест и нова средба

Сојузот на синдикатите на Македонија ја враќа моќта на немоќните, го разбива фундаменталниот проблем кој што не сакаат да го разберат и прифатат сопствениците на капиталот смета поранешниот гувернер, Петар Гошев. 

Тој додава дека капиталот постојано се зголемува, а додека работниците не го добиваат тоа што им следува за да се постигне социјален мир и рамнотежа во општеството. 

„Се помало е учеството на работниците во распределбата на општествениот производ, на доходот. Таа ситуација не може да трае бесконечно, затоашто на тој начин неможе да се обезбеди социјален мир и социјална рамнотежа во општеството. Ме радува што сега, ако е ова некаков знак на будење на синдикатите, ако е тоа знак на враќање на преговарачката позиција на прењтставниците на вработените, односно ако е тоа некаков знак на враќање на моќта на немоќните. Според тоа мислам дека барањата на синдикатите имаат повеќе од доволно аргументи за тоа и треба да дојде до договор помежу синдикатите, владата и работодавачите“ — вели, поранешниот гувернер Петар Гошев. 

На вчерашната средба на Економско-социјалниот совет во Влада не падна договор за покачување на минималецот, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи вчера не даде зелено светло на барањата на работниците за зголемување на минималецот на 18.000 денари, рече дека утре дополнително ќе се договараат. 

Првиот човек на синдикалците револтиран вчера излезе од состанокот од Влада и кажа дека не отстапуваат од барањето работниците да го добијат заслуженото, минималец од 18.000 денари. 

Работодавачите пак нејасни, дале свои предлози ама не објаснија какви, туку дека сакаат нова методологија по која ќе го пресметаат минималецот. Не го прифаќаат барањето за зголемување од 18.000 денари. Бидејќи вчера трите страни, ССМ, Влада и работодавачите не се договорија, синдикалците утре на протест пред почетокот на средбата во Влада, а активираните се и штрајкувачките одбори.

Source link: www.24.mk