Билали за ТВ 24: И двете нови влади на Македонија и Бугарија имаат позитивна енергија и добра волја

Универзитетскиот професор Мерсељ Билали во емисијата 24 анализа изјави дека треба да престанеме да фантазираме и да се сведе на реално преговарање. 

— Мора да се сложиме дека сега имаме нова состојба и може да избориме други компоненти. И двете нови влади имаат позитивна енергија. Се покажува дека има добра волја. Тоа што се додаваат нови точки, значи дека ја збогатува содржината. Пристапот е многу конструктивен и од двете страни не се дава одреден рок. Франција сега сака да ја исправи грешката што ја направи. — вели Билали.

Source link: www.24.mk