Киријас за ТВ 24: Важно е на граѓаните да им ги укажеме фактите

Емил Киријас во емисијата 24 анализа изјави дека е важно да се гледаат работите во контекст како беше пред една година и несомнено е дека ова што се направи во изминатите две недели е голем пробив.

— Ова не беше поздравено од Москва, туку од Брисел. Важно е на граѓаните да им ги укажеме фактите. Двајцата премиер рекоа дека ќе работат на создавање на конкретни резултати кои ќе се однесуваат на серија на прашања. Имаше изјава на претседателот Радев во насока дека не се работи за рокови, туку за конкретни резултати кои треба да доведат до преговори на Македонија со ЕУ. — рече Киријас.

Source link: www.24.mk