Ѓорчев за ТВ 24: Идејата за проширување на дијалогот е добра

Екс амбасадорот во Бугарија Марјан Ѓорчев во емисијата 24 анализа потенцираше дека Бугарија развила широка општествена дебата со вклучување на интелектуалците, Академијата на науките и медиумите и ги дефинираше црвените линии со Македонија.

— Ние не ја проценивме добро ситуацијата дека истото треба да го направиме. Потоа дојде освестувањето каде почнавме да се престројуваме и да бараме модус како да се најде излез, зошто се виде дека Бугарија ќе не блокира и тука се пренасочи фокусот на нашата политичка акција на една рамнотежна состојба. Бугарите тоа го видоа и бугарските претставници создадоа амбиент во кој воочија дека нивниот приод кон Македонија е нецивилизациски. Тој дијалог мора да продолжи, иако ние не се познаваме добро, само сме блиску еден до друг. Идејата за проширување на дијалогот е добра. — рече Ѓорчев.

Source link: www.24.mk