Христовски за ТВ 24: Предвремени парламентарни избори не се потребни, туку треба да работи локалната самоуправа

Градоначалникот на Крушево Томе Христов од СДСМ во емисијата 24 анализа рече дека во наредниот перод треба да покажеме сплотеност пред предизвиците на патот кон ЕУ, зошто граѓаните се презаситени од избори.

— Имаме закочување на процесите. Иако неповикани давам свој став на она што значи предвремени парламентарни избори. Тие не ни се потребни, туку ни треба да работи локалната самоуправа, и сега е моментот локалната самоуправа да покаже дека менаџираме со општините и дека може да направиме повеќе. — рече Христовски.

Source link: www.24.mk