Пожарот во "Жито Битола" локализиран и ставен под контрола

Пожарот, што попладнево избувна во кругот на фабриката Жито Битола е локализиран и ставен под контрола. Нема опасност за ширење, но тешко оди неговото гаснење, па пожарникарите ќе останат на терен цела ноќ.

Ангажирани се сите 27 пожарникари од битолската единица, а на помош пристигна и против-пожарно возило на РЕК-Битола.Пожарот е пријавен во 17 часот и 20 минути, а очевидци велат дека се запали зградата каде биле сместени административниот дел, а имало и склад со брашно. Пожарникарите ќе останат цела ноќ. Битолскиот градоначалник Тони Коњановски, кој беше на местото, вели дека во моментот кога избил пожарот во фабриката имало двајца вработени, кои навремено биле евакуирани.

Во пожарот нема жртви, но причинета е голема материјална штета врз главниот објект на мелничко-пекарскиот капацитет кој е во приватна сопственост. Во пожарот е зафатен стариот објект на „Жито Битола“ со кој стопанисува „Ангро механизација- Жито Битола“ во чиј состав има пекара, млин и силос.

Source link: www.24.mk