Ковид болниците полни,заразени и здравствени работници, се чека одлука за намалување на изолацијата

Се полнат болничките кревети со пациенти со Ковид, капацитетите се при крај. Има многу заболени и меѓу медицискиот кадар, што е посебен проблем. Во Градската болница „8 Септември“ интензивна е полна, нема веќе слободни кревети во ковид одделот, а дневно во ковид амбулантата помош бараат над 150 пациенти. Од Ковид одделот позитивни, во изолација се 30 медицински сестри, потврди за ТВ24 др. Христијан Костов, директор на болницата.  

Во моментот, хоспитализирани се 71 пациент, сите се на кислородна поддршка, 15 се на сипап маски, а четворица на респиратори. 90% од пациентите се испратени од други градови. Ковид одделот е полн, толку е капацитетот. Ќе мора да се отвори друг оддел на скопските клиники.

Капацитетите  се  при крај и на Инфективната клиника. И таму има заболени лекари и медицински сестри што го отежнува работењето.  

Капациетите се при крај, имаме проблем со слободни места. Дневно амбулантски има над 100 прегледи. Позитивни на Ковид се околу 20 лекари и медицински сестри.

Кризниот штаб денеска не заседаваше. Предлогот за намалување на изолоација на асимптоматските случаи ќе се разгледува во текот на неделава. 

Во меѓувреме, Сојузот на здруженија на дијабетичари денес поднесе барање до Владата за ослободување од работни и училишни обврски на хронични болните, особено на тие со Дијабетес Тип 1 и Тип 2 на инсулин со компликации. 

Според нив, епидимиолошката состојба е загрижувачка и затоа бараат ослободување од обврските во рок до 14 дена со одобрение од еднокриниолог или дијабетолог, по барање на самото лице.

Source link: www.24.mk